
Најавените инфраструктурни проекти во Тетово или не се довршуваат или воопшто не започнуваат да се градат
Оваа улица позади Клиничката болница во Тетово започна да се гради пред 5 години. По неколку месеци градежните активности престанаа. Дури сега општинсктие власти најавија дека истата ќе се поврзе со ургентниот центар, но за нејзината целосна изградба до мостот на Благоја Тоска ќе се чека уште неколку години.
Им и такви и проекти на кои се чека со децении. Од месната заедница Борис Кидрич, велат дека во нивната населба најавените инфраструктурни проект не се ниту започнати. Се уште се движат и возат по руинирани улици и тротоари.
Како и многу пати досега градоначалничката на Тетово Теута Арифи, ветува дека започнатите проекти ќе се завршат наскоро, а во месната заедница Борис Кидрич ќе се иазградат тротоари и ќе се пробие булеварот
Бројот на населението и градбите во Тетово од година вгодина се зголемуваа, но на инфраструктурен палн не се преземаат сериозни чекори. Нови улици нема, не се пробиваат булевари а за обиколница не се ниту се размислува.
Зоран Димовски