
Нема преговори меѓу власта и опозицијата, останува незивесна иднината на СЈО
За десетина дена владиниот предлог Закон за јавно обвинителство со кое треба да се реши статусот на СЈО ќе се најде пред пратениците на собраниска седница. По скратена постапка и со европско знаменце но без двотретинско мнозинство за поддршка. Работните група на власта и опозицијата требаше да се сретнат во четвртокот и да се обидат да испеглаат барем дел разликите и да се обидат да ги доближат ставовите но наместо тоа тие одлучија да го продолжат одморот.
Засега нема најава дали и кога ќе се одржи нова рунда преговори и дали тоа воопшто ќе се случи пред собраниската седница закажаната за 27 август.
Од СДСМ уверуваат дека преговорите мора и ќе продолжат за да се изгласа законот најдоцна до октомври.
Од ВМРО – ДПМНЕ пак вината повторно ја лоцира исклучиво во министрството за правда кое според нив го опструира процесот.
Според политикологот Ненад Марковиќ, позицијата на СЈО уште од самиот почетокот беше правно нејасна, а одлуката за тоа како ќе продолжи да функциониора треба да ја донесат правниците а не политичарите.
Доколку законот не биде донесен до октомври, тоа може сериозно да влијае на одлуката на Брисел околу датумот за преговори.
Според владиниот предлог закон СЈО ќе треба да се спои со постоечкото обвинителство за гонење на организиран криминал, сите обвинители од СЈО да продолжат да работат во него а да ги раководи обвинителјата Вилма Рускоска. За опозициската ВМРО – ДПМНЕ пак е неприфатливо Рускоска да биде на чело на Обвинителството и тие инсистираат да биде прифатен нивниот предлог закон за кој тврдат дека е подготвен согласно стандардите на Советот на Европа.
За усвојување на законот Владата мора да обезбеди двотретинско мнозинство односно поддршка од 80 пратеници, која во моментов ја нема.
Огнен Чанчаревиќ