
Децата питачи и натаму се секојдневие на улиците
Никој толку не му се радува на црвеното светло на скопските крстосници како децата питачи и жените со бебиња во рацете . Жална слика на испружени рачиња на најголеми горештини и смрзнати прсти на минусни температури се секојдневна слика со години наназад. За надлежните институции сепак зголемувањето на тимовите кои работат на терен би требало да го намалат бројот на вакви глетки.
- Ние го зголемивме бројот на мобилни тимови на социјални работници. Во моментов имаме четири мобилни тимови со по три стручни лица кои се на најфрекфентните крстосници. Значи временските периоди кога тие излегуваат на терен се секогаш различни во зависност од каде добиваме пријави, вели в.д директор на Центарот за социјална работа на град Скопје, Наташа Станоевкиќ.
Родители и нивни деца кои питачат се само уште еден пример за „репродукција на културата на бедата“ смета социологот Трпковски.
- Оние деца кои потекнуваат од таква форма на дисфункционално семејство и кои се поради нивото на сиромаштија тука станува збор за апсолутна сиромаштија се принудени да питачат и ги повторуваат делата на нивните родители или ајде да кажам згрижувачи, вели м-р Јане Трпковски, социолог.
Веднаш по мапирањето следи и главниот проблем доколку тие лица немаат лична документација и треба да ја извадат.
- Сепак за да извадат лична документација тие се придружувани од страна на социјалните работници значи со нивна помош и придружба ја собираат потребната документација за да влезат во системот на социјална заштита и кога ќе влезат во тој систем може да кажеме дека сме постигнале резултати, вели Станоевиќ.
Со обезбедување на лична документација може да се направи добар демографски пресек за да се види кои се тие карактеристики на оваа ранлива категорија кои може да се стават во функција на долгорочно ниво“, вели социологот Трпковски.
- Кога ние ќе дојдеме до таква анализа можеме да направиме такви анализи кои би ги ги следеле примерите на англиската социјална политика. Што тоа значи дека државата ќе стимулира мерки и активности со кои ќе ги вклучи активно на пазарот на труд, смета Трпковски.
Во 2000 та година Собранието на Република Македонија ја ратификуваше конвенцијата на Меѓународната организација за труд 182 за итно спречување на најлоши форми на злоупотреба на детскиот труд. За жал и по деветнаесет години доволно е само да поминете неколку раскрсници во градот и да имате впечаток дека нештата тапкаат во место.
Нина Стефанова