
Пожар над скопското село Буковиќ
Дабова шума гори над скопското село Буковиќ, меѓу селата Раовиќ и Ласкарци. Шумскиот пожар избувнал утринава и се уште е активен, а според скопската пожарна гори поголема површина. Во гаснењето на пожарот се вклучени три противпожарни возила, но ветрот ја отежнува ситуацијата, и влијае на ширење на пожарот. Сепак, екипите на пожарна не дозволуваат да се доближи до селата. Освен екипите на против-пожарна, на терен се и четири лица од Јавното претријатие „Национални шуми“. Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население.