Жителите од Вратница не сакаат изградба на хидроцентрала

Државата не се откажува од намерата од оваа мала рекичка во село Вратница да произведува струја.

Откако пред 5 години вратничани спречија изградба на две мали хидроцентрали токму на ова место, сега стотина метри подолу на јавен тендер избрана е фирма за изградба на нова хидроцентрала.

Мештаните велат дека со овој проект ќе им се уништи биодиверзитетот, а земјоделците од овој крај ќе останат без капка вода за наводнување.

Велат дека со изградба на хидроцентрали на ваква река со многу мала издашност само ќе се нанесе штета на Вратничани, а бенефитот на државата и инвеститорите ќе биде многу мал. Сметаат дека реализијата на вакви проекти има за цел да се исселат и тие мештани кои останале во Вратница.

На изградбата на хидроцентралата на Вратничка река, се противат и жителите од околните села, кои се директно зависни од реката.

 Велат дека заедно со вратничани нема да дозволат да се уништи еден од најубавите предели во тетовско и со жив штит ќе ја бранат реката ако се започне со било какви градежни активности. За одлуката да се гради нова хидроцентрала и штетнтие последици од неа, месната заедница од селото ги информирала сите надлежни министерства, но досега оттаму немаат добиено никаков одговор.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ