Независниот синдикат за образование бара покачување на платата

Независниот синдикат за образование и наука бара од Владата и Министерството за образование и наука уште овој месец да имплементираат покачување на плата соодветно на покачувањата на плата извршено во детските градинки уште во јуни. Тие сметаат дека најавените 5% покачување не се доволни за порамнување со покачувањата на цените кои секојдневно растат. Ваквата ситуација резултира и со недостиг на кадри кои во иднина би биле дел од образовниот систем, сметаат од Синдикатот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ