
Демолирани па вратени таблите на спомениците во Центар
Таблите на спомениците од Скопје 2014 не преживеа ни едно деноноќие од нивното поставување.
На споменикот Филип Втори онаму каде што стоеше појаснување дека е дел од хеленска историја, денеска нема табла.
Во меѓевреме таа на Александар Велики „Воин на коњ“ е повторно поставена. Оштетувањето остави последици, па засега таблата е поставена на криво.
Таблите кои беа поставени вчера, а кои го акцентираат хеленското потекло на претставените херои, согласно Договорот од Преспа се во надлежност на градските власти.
Од град Скопје за Телма велат дека ќе ги засилат надзорите над спомениците затоа што во последно време нивното оштетување е честа појава.
“Градот Скопје ќе ги санира оштетените делови на спомениците, а ознаките (онаму каде што се отстранети) ќе бидат повторно поставени. Спомениците се оштетени од непознати сторители и од тие причини не може да бидат изречени казни. Апелираме до граѓаните да не ги оштетуваат спомениците” – реагираат од градот Скопје.
Инаку во изминативе два дена симболот на Вергина беше отстранет од шахтите центарот на Скопје.
Се уште не е јасно што ќе се случува со плочникот кај трговскиот Буњаковец, кој е јавен простор, но како што информираат од општина Центар, во приватна сопстваеност.
Теодора Цветковска