
Пендаровски: Изјавата на Заев е непримерна и може да навреди цели категории наши граѓани
Изјавата на премиерот Заев е непримерна, со речник што може да навреди цели категории наши граѓани, граѓани и во таа смисла мислам дека е добро што премиерот уште истиот ден се извини на оние кои се почувствувале евентуално навредени од тие некои зборови – оцени претседателот Стево Пендаровски, во инјтервју за Гласот на Америка, прашан да ја коментира изјавата во која Заев рече дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер” да ја симнат оваа власт.
„И мене, додава, ми се случило да ми се испушти некоја изјава и ме критикувале за таа реченица, фраза или изјава. Меѓутоа, тоа така треба да биде. Така се станува сериозна демократија и никој од нас не треба да е нервозен или лут што јавноста така перцепира. Јас тргнувам и од себе – просто немам право на грешка, нагласува шефот на државата“ – изјави Пендаровски. Во интервјуто, претседателот Пендаровски меѓу другото оценува и дека институциите не функционираат на потребното ниво.
„ Граѓаните сметаат дека институциите кои се платени од нивни пари, не си ја вршат својата работа. Не зборувам само за судско-обвинителскиот комплекс, туку генерално, виталните институции на оваа држава не функционираат и не ги сервисираат граѓаните и не ги сузбиваат криминалот и корупцијата на она ниво кое е неопходно за да кажеме дефинитивно дека сме зрела демократија- вели Пендаровски за гласот на Америка