Момчето кое сакало да се разлади во Вардар кај Бистренци пронајдено мртво, телото на обдукција

Момчето кое вчера околу пладне сакало да се разлади и влегло во реката Вардар кај демиркаписко Бистренци, пронајдено е мртво, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Јавен обвинител наредил обдукција на телото.

Со часови траеше потрагата по момчето од негови блиски и соселани, а крај Вардар присутна била и полицијата, се трагаше во водата и на брегот.

– Најверојатно е удавено, не знаело да плива. Ноќеска стотина лица го баравме до три часот изутрина. Синоќа неколку лица од селото нуркаа во водата, но не е најдено ништо. Сега од пет утрово повторно сме тука покрај реката. Триесетина сме, некои со гуми по водата, останатите се распоредени покрај брегот, потврдија жителите на селото.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ