
По бурните реакции во јавноста, Заев дообјаснува: зборот “педер” го употребив како карактерна особина а не сексуална припадност
Премиерот Зоран Заев вечерва преку твитер се обиде да ја дообјасни својата вечерашна изјава во која порача дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и педер, да ја урнат владата.
Тој тврди дека зборот “педер” го искористил за да даде карактерна особина а не да означи сексуална припадност.
“ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и до сега” – твитна Заев.