Брнс: Македонија да покаже посветеност кон владеење на правото

Американската амбасадорка Кејт Брнс бара Македонија да покаже посветеност кон владеење на правото.

„Како што претходно кажавме, ова се сериозни обвинувања кои бараат сериозен одговор кој ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е време, Северна Македонија да демонстрира посветеност за придржување до владеење на правото“, напиша Брнс на Твитер.

Таа го сподели и статусот на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, околу случајот Рекет, кој вчера на твтер побара борбата против високата корупција да продолжи непрекинато.

„Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост.

Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, напиша комесарот Хан.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ