
Видео -Горат складирани железнички прагови во Куманово- густ чад и прекин на сообраќајот на меѓународната пруга
Повеќе стотици дрвени прагови извадени од железничката пруга во реконструкција горат во близина на железничката станица во Куманово.
Од пожарот се издигнува густ чад.
Праговите се намачкани со катран поради што од пожарот се шири и неподнослив мирис.
Интервенцијата е во тек.
Фотографиите и видеото се направени од повеќе локации во Куманово од гледач на Телма.

