Пендаровски повика на политичка одговорност а институциите да се вратат од колективни одмори

Претседателот Пендаровски повика на политичка одговорност, темелна и брза истрага, а обвинителите и судиите веднаш да се вратат од колективни одмори. Оваа тешка ситуација ја става на огромен тест правната држава, рече Пендаровски изразувајќи голема разочараност од она што го слушнал за аферата “Рекет”.

Од институциите побара да се поднесат обвиненија против сите инволвирани за кои има докази за евентуални противзаконски дејствија кои ќе бидат процесуирани.

За претседателот несфатливо е кога државата ја тресе голема криминална афера институциите да молчат и тераат одмор.

Во случајот се вмешани луѓе од различни профили. Во аудио снимките се слушаат гласови на бизнисмени, на обвинителка, се споменуваат имиња на истакнати личности.

Одговорност и казни за нив мора да има, рече во обраќањето Пендаровски. Силно верувал во институцијата СЈО, но тврди дека сите досегашни нивни истраги не можат да бидат прогласени за невалидни, па дури и ако се докаже дека некои  обвинители работеле спротивно за законот.

Прашан дали е разочаран од Катица Јанева на која и даваше подршка во борбата против криминалот и корупцијата, Пендаровски одговори.

Претседателот смета дека во овој момент на државата не и се потребни предвремени парламентарни избори, барем не до крајот на годината и без претходно спроведен попис.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ