
Антикорупциска ќе го испитува договорот за детска кардиохурургија со клиниката „Жан Митрев“
Антикорупционерите, на сопствена иницијатива, ќе испитуваат дали договорот на министерството за здравство со клиниката „Жан Митрев“ за детска кардиохирургија е според закон но и дали по заминувањето на хирургот Чадиковски и неговиот тим детската кардиохиругија може и треба да продолжи со работа во клиниката.
Хирургот Чадиковски засега сеуште официјално ги нема соопштено причините поради кои си замина од „Жан Митрев“ и деновиве се очекува да соопшти прецизно кои точки од договорот не биле испочитувани.
Во меѓувреме хирургот, Жан Митрев, ги врши операциите на детската кардиохирургија а од министерството за здравство соопштија дека стручни лица од Србија работат на едукација на тимот во Жан Митрев.
Договорот на министерството со клиниката, со последниот анекс има важност до 30-ти септември годинава.
По пријавата на група професори од универзитетот „Кирил и Методиј“ која се однесува на ректорот, Никола Јанкуловски, кој не го ставил претходното работно место во мирување и добива плата од две места, антикорупционерите одлучија да побараат кривични пријави против Јанкуловски и директорот на клиниката за дигестивна хирургија Зоран Караџов за злоупотреба на службената положба
Од антикорупцика најавија и дека ќе бараат инспекциски надзор од просветниот инспекторат дали ваква состојбва има во другите универзитет.
Телма контактираше со ректорот Јанкуловски и директорот на дигестивна Караџов кои се воздржаа од коментари.
Антикорупционерите, по допрен глас односно снимката која ја објави опозицијата, ќе испитува дали имало вработувања во прилепската болница во време на избори.
На денешната седница едногласно, Владимир Георгиев, беше избран за нов заменик претседател на Антикорупциска, функција која ќе ја извршува во наредните шест месеци.
Огнен Чемерикиќ