Патот Кочани – Македонска Каменица во прекин од саботата

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) очекуваат до утре да биде отстранет одронот на патот Кочани – Македонска Каменица во близина на село Истибања и да се нормализира сообраќајот што е во прекин од саботата.

– Вчера е направено дополнително минирање на остатокот од ризичната карпа, во текот на денов треба да се утврди дали ќе биде потребно уште едно минирање по што теренот ќе се расчисти и ќе се оспособи патот, велат за МИА од ЈПДП.

Проценките, насоките и активностите на терен ги спроведуваат екипи на ЈПДП, ЈП „Македонија пат“ и Градежниот факултет.

Во активностите е вклучена и градежна механизација на ГП „Гранит“ која таму е присутна поради тековната рехабилитација на патот.

До нормализирање на состојбата  и целосно расчистување на одронот, се користи алтернативниот пат Кочани – Виница – Драгобрашта – Бигла- Македонска Каменица.

Одроните се честа причина за прекини на сообраќајот на патот Кочани – Македонска Каменица.

Досега се рехабилитирани 80 проценти од предвидените работи за рехабилитација на патот

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ