Хан: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

По објавувањето на снимените разговори во врска со случајот „Рекет“, синоќа на Твитер се огласи еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи.

„#Северна Македонија: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања“, наведува Хан во објавата.

Тој натаму посочува и дека никој не е над законот и не може да има неказнивост.

„Сите кривични дела мора да бидат испитани од надлежните органи, ослободени од какво било мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, порачува еврокомесарот Хан во објавата на Твитер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ