Тешка сообраќајка кај селото Војник на патот кон Крива Паланка- еден загинат, камион се запалил

Едно лице загина, а 5 луѓе се повредени во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово –Крива Паланка во близина на селото Војник. Несреќата се случила околу 15 часот.

Очевидци кои поминале покрај местото на несреќата за Телма велат дека во сударот учествувале автомобил, теренско возило џип и камион кој се запалил.

Загинат е 27-годишен возач кој управувал со џипот со бугарски таблички.

Повредените, од кои дел оделе на свадба во Крива Паланка се префрлени во болницата во Куманово и имаат повреди на нозете и на рацете,како и исеченици од искршеното стакло и се надвор од животна опасност.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ