
Нови снимки на „Ла Верита“, таргет Заев
Во објавената снимка на „Ла Верита“ во 27 минутниот разговор на Бојан Јовановски и Орце Камчев се споменува и името на премиерот Заев. Јовановски вели дека ќе се сретне со Заев и очекува дека тој нема да прави проблеми за случајот. Говорат и за човек по име Жарко на кој Јовановски му средил работа со СЈО.
Б.Ј Една позитивна работа што јас не ја соопштувам сега. Менаџирањето околу Заев и целата таа игра. Јас таа конструкција веќе ја имам смислено, направено.
О.К Добро, ти рече. Јас не се мешам, гледаш кај мене нема ништо не мрдам, кај мене нема ни милиметар од она што е договорено.
Б.Ј: Знаеш, јас довербата ја стекнувам јавно, што сум го кажал на овој или на оној начин тоа ќе си го изработам и ќе си го завршам. Јас поради тоа што стекнувам доверба ти кажувам работи во поверение.
О.К: Апсолутно да, да нема тука ништо злоупотреба, тоа е јасно.
Б.Ј: Апропо Заев, ти кажав за Жаре и тоа ти кажав само тебе, не знае никој.
О.К: Си бркаш работа, кој може…
Б.Ј: Не, не ти кажав, ти велам…
О.К: Да де, јасно јас не сум го чул Жарко, знаеш, не сум му свртел.
Во натамошниот дел од разговорот Јовановски му кажува на Камчев кога ќе се сретне со него.
Б.Ј: Утре се глеам со него
О.К:Со Дејан?
Б.Ј: Не
О.К: Со Жаре?
Б.Ј: Со Зоки.
О.К: Со Зоки?
Б.Ј: Со Заев.
О.К: Мислам дека он нема да прави… така барем мислам, сега тоа ти треба да ми кажеш.
Б.Ј: Знам јас што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, што не знае никој.
О.К: Добро шефе.
Б.Ј: Ќе ме испратиш до врата.
Премиерот Заев негира каква било поврзаност со случајот и соработка со Бојан Јовановски. „Се изнесуваат лаги и бесмислици со цел едниот соговорник да ја зајакне својата позиција на моќ и авторитет пред другиот соговорник“, напиша Заев на својот фејсбук профил.
„Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот „Рекет“ и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај. Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка, ниту формална, ниту неформална. Се имам појавено и на интервјуа во 1тв, како што редовно се појавувам на сите други телевизии и медиуми, во интерес на отвореноста кон јавноста“, напиша Заев.
Се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вели дека Владата под маската за борба против криминал создаде и штити криминал.
„Јас сум чесен човек, и имам свое достоинство…”, беше тоа во еден прозаичен момент кажано, колку народот да поверува во чесноста и напатеноста на Зоран Заев, со една егзалтирачка смиреност и со рака ставена на срце, само како што тој знае. Претходно не уверуваше дека е дојден на оваа позиција затоа што има повисока цел, во случај некој да се поколеба и случајно да помисли дека се бори за премиер поради бизнисите и фирмите на семејството. Ова го споменувам не со намера да си поиграм со неговите чуства, туку да ги прикажам во вистинско светло лагите со кои се опслужува неговото работење“, вели Мицкоски.
Двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на прес конференции побараа одговорност на сите инволвирани, целосно расчистување на случајот и брза истрага.
Јулијана Пешевска