Дрвокрдаците се најголемата закана за македонски шуми, а по нив се пожарите

Големиот шумски пожар којшто се случи на планината Пониква ги алармираше институциите, но и ги загрижи да не се повторат пожарите од февруари и март, кога поради палењето на стрништата имаше околу 200 пожари во земјава. Штетите тогаш се проценуваа на еден милион евра, но сопствениците на шуми и експертите велат дека загубите се многу поголеми. Оваа шума на Пониква е стара околу 40 година и е насадена од луѓето, а според сомнежите на пожарникарите е уништена од човечка рака. За нејзина обнова ќе треба повторно половина век.

Ваквите големи шумски пожари ги потсетуваат локалната и централната власт да инвестираат во опрема и возила. Староста на пожарникарските возила се движи од 20 до 50 години.

По пожарите се гледаат последиците, огнените јазици зад себе ги уништиле шумските плодови, билки, живеалиштата на животните. Во тек е кампањата за заштита од шумски пожари, која ја реализира  Дирекцијата за заштита и спасување. Апелот е  да не се фрлат цигари, стаклена мабалажа, да не се пали скара и  стрништата по жетвените активности. Секој којшто ќе забележи пожар веднаш да ги алармира противпожарните служби.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ