Пеколни температури – Луѓето се жалат на неклиматизирани автобуси, а Брзата помош е на готовс

Со капче и очила, ловејќи сенки било каде па и на среде булевар. На топлото време, луѓето се снаоѓаат како умеат. Оние на автобуските постојки, чекаат да влезат во возило за тогаш да се разладат. Некои успеваат, но некои не.

Од ЈСП возвратија. Од сите градски автобуси само 5 се со неисправни клими и не возат по улиците додека не бидат поправени. Приватните автобуски превозници не се под нивни ингеренции.

„Се случува во некои од возилата климите да се исклучени со оглед на тоа дека некогаш има реакции на дел од граѓаните дека им е преладно. Често има ситуации климата во автобусите да е вклучена, а дел од патниците ги отвораат прозорите и температурата се покачува“, целат од ЈСП Скопје.

Во Брза помош имаат четири телефони и тие деновиве постојано ѕвонат. Оттаму предупредуваат, внимавајте на топлото, за да немате потреба од лекар.

Да внимаваат можат само оние коишто имаат избор. Во Скопје и денес можеше да се видат работници качени на скелиња. Наспроти тоа, од Труд и социјала апелираат и даваат препораки.

Пеколните горештини ќе продолжат и во следните денови, предупредија од УХМР. Пад на температурите може да се очекува за пет до шест дена.

Од Труд и социјала го повикаа Државен инспекторат за труд да прави зголемени проверки деновиве за да се открие кој и зошто од работодавците ги крши правилата.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ