Гајсер објави продолжение на снимките за „Рекет“

Италијанскиот весник „ЛаВерита“ на својот јутјуб канал утрово обjави новo видео и подолга верзија од снимката за случајот „Рекет“. Овој пат во снимката се слуша и гласот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

„Не се секирај за ништо се ќе биде ОК“, му вели во еден дел женски глас на бизнисменот Орце Камчев, за кој италијанскиот новинар Ларис Гајсер тврди дека и припаѓа на Јанева.

Во разговорот Боки Јовановски му вели на Орце Камчев дека се преговара со три лица кои треба да бидат соодветно „истретирани“. Јовановски вели дека првата постапка, доколку предметот остане во рацете на СЈО, ќе биде укинување на притворот а потоа и враќање на пасошот.

Во снимката Камчев му објаснува на Јовановски што се случувало пред тој да влезе во „игра“ со Боки 13 и Катица Јанева.

Камчев: Ме интересира што добивам, како добивам и кога добивам. Ти води ја играта, но кажи ми ова ќе добиеш тогаш а ова тогаш, тоа и тоа и тоа и јас тоа прифаќам. Ти си го имаш тимот. Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Таа си брка си тера свој… Башка мене еднаш Чифлиганец кога ми се јави ми бараше дуќан за нејзе дуќан за стоматолошки ординации, за глупости, за тие работи. Јас одјебав све тоа затоа што не ме интересираше.

Боки 13: Кога било тоа.

Камчев: Пред влезам.

Боки 13: Не знам за претходно.

Камчев: Значи, јас и ти си разговараме, во целата прикаска мора и таа да знае…

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ