Од четврток температури над 40 степени во Македонија

Топлотен бран со температури до 40 степени се најавува во наредните денови. Метеоролозите велат дека особено топло ќе биде од Четврток до средината на наредната недела, кога ќе биде активирана жолта фаза за високи температури, а во некои региони и портокалова фаза.

Дирекцијата за заштита и спасување, апелира да не се фрлаат на отворено цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган и скара на отворен простор и во шума, да не се палат стрништа и меѓи.

Од дирекцијата апелираат и ако се забележи пожар, веднаш да се извести територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ