
Второ безживотно тело пронајдено во Струмичко
Во Струмичко во езерото Турија е откриено тело на маж.
Обвинителството истражува дали станува збор на убиство на локален жител кој е пријавен за исчезнат лани во октомври.
Телото е најдено во камионски резервоар во езерото. Во јуни во езерото Турија беше најден убиен маж скриен во буре, за што минатиот месец беше осомничен и уапсен 52-годишен маж од селото Добрејци.
Двата настани се слични, а надлежните истражуваат дали станува збор за поврзани злосторства извршени од ист сторител.