Одговорност и од министри за хидросистемот Ѓавато

Ако се потврдат наводите за нелегалните приклучоци во Ѓавато ќе се извести пазарен инспекторат, УЈП, јавно обинителство, а треба да се бара одговорност и од неколку министери, сегашни и поранешни на Министерството за животна средина, велат од Државниот инспекторат за животна средина.

Од инспекторатот за Телма велат дека Министерството за животна средина незаконски управува со хидросистемот Ѓавато. Уште пред две години инспекторат дал задолжување, хидросистемот да му се предаде на Акционерското друштво за Водостопанство согласно законските обврски од Законот за водостопанство.

Според Државниот инспекторат, Министерството за животна средина работи спротивно на Законот за води, и ги крши членовите 28 и 245 од тој закон, со тоа што физички и правни лица ја користат водата од хидросистемот без да плаќаат надомест, и ги ставаат во нерамноправна положба граѓаните на државата  кои имаат посебни дозволи и постапуваат според нив.

Вработениот во хидросистемот Ѓавото, кој проговори за нелегелните приклучоци вели дека хидросистемот работи со половина од капацитетот заради хидроцентралата Топлец, но и за диво приклучените кои наводнуваат стотина хектари бесплатно. Министерството за животна средина призна дека има индиции за нелегални приклучоци и дека за електрична енергија плаќаат од 3.5 до 4 милиони денари месечно.

Главниот водостопански инспектор Лидија Зафировска вели дека досега немаат вршено вонреден инспекциски надзор бидејќи немало поднесена претставка. Сепак, по објавените прилози на Телма за расипничкото трошење на хидросистемот, министерството вчера поднело претставка до инспекторатот и утре во Богданци ќе има вонреден инспекциски надзор во хидросистемот Ѓавато.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ