„Охридски комуналец“ му откажа соработка на советникот Нефу Усеини

Советникот и сопственик на две дивоградби во Охрид, Нефи Усеини нема повеќе да испорчаува градежни материјали, да изнајмува возило со кран за сечење гранки, ниту, пак, да затрупува смет во депонија „Буково“, откако антикорупциска препорача, а охрдиски комуналец експресно ги раскина тендерите со фирмата на Усеини. Но, по одлуката на јавното претпријатие, останува празнина во работењето која Усеини ја пополнувал за 40-тина илјади евра.

Претходно Општина Охрид најави дека ќе постапи согласно насоките на Државната комисија за спречување на корупција изнесени во мислењето од 16 јули, кога беше укажано на постоење судир на интереси на носители на јавни функции при учество на тендери распишани од Локалната самоуправа, а во меѓувреме Усеини отиде дотаму што се пријави на јавниот оглас со кој Охрид бараше фирма која ќе урива дивоградби.

Усеини во јавноста стаса откако нападна свој колега советник, а веднаш потоа отвори ресторан – дивоградба во строгиот центар на Охрид. Медиумите му открија и платформа на крајбрежјето за производство на бетон во периодот кога УНЕСКО се закани дека ќе го одземе статусот на заштитено подрачје за Охрид.

Од матичната партија ДУИ, велат дека треба да се руши во Охрид, да се почне од Усеини и да нема селективност.  Антикорупциска синоќа најави смела борба со дивоградбите, за градоначалникот на општина Сарај побара кривично гонење од јавното обвинителство, бидејќи не постапил и не ги урнал металните платформи во кањонот Матка. Обвинителството влезе во период на годишен одмор иако и претставката се уште патува од антикорпуциска до обвинитеслтовто.

„Во Јавното обвинителство до овој момент не е пристигната иницијативата за кривично гонење од Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со настанот за кој покажувате интерес. По пристигнување на иницијативата, целокупната документација ќе биде разгледана и ќе се постапи во насока на проверка на наводите.“

Додека иституциите половина година креваат раменици за случајот диви платформи, сопственикот на „Бродски превоз – Матка“ Ќенан Ќаили одби да зборува пред камерата на Телма. Со неговие синови ги развозуваа туристите долж езерото, додека објектот дивоградба вети дека сам ќе го урне со чекан кога надлежните ќе дојдат и ќе му донесат решение за рушење.

Одлуката на општината која според антикорпуциска заглавила во фиоката на Беџети ќе почека додека тој не се врати од одмор, а со официјален став по барањето на антикорпуциска тој да се гони кривично, најави став дури наредната недела. Дотогаш, споменикот на природата, Матка останува во владение на угостителите кои царуваат во ова излетничко место.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ