Чувствителни фотографии од заклани животни на местото каде е најдена мртва жена во најлон вреќа

Полицијата и обвинителството соопштија дека во близина на селото Горно Оризари (општина Шуто Оризари) е најдено мртво тело на жена во црна најлон кеса. Телото е најдено вчера попладне.

Засега не се даваат повеќе детали за истрагата. Идентитетот на жената се уште не е откриен.

На местото на кое е најдено телото всушност има дива депонија. Екипата на Телма на лице место ја пречекаа остатоци од животни, глави од крави, коски од животни и остатоци и непријатна и одвратна смрдеа.

Тој што ја фрлил жената ја оставил меѓу животински остатоци.

Сликите се во продолжение и ве предупредуваме на нивната содржина.

Дивата депонија со толку остатоци од заклани животни е потенцијално жариште на заразни болести и се наоѓа во близина на скопската обиколница.

Локалните жители сметаат дека надлежните треба да го исчистат местото, но никој не презема ништо. Остатоците се фрлени главно од жителите на Шутка која се наоѓа на неколку километри од дивата депонија.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ