
ДКСК: Градоначалникот на Општина Сарај да одговара кривично за дивоградбите на Матка
Знаел дека не може да легализира монтажни објекти, а документацијата ја чувал во фиока. Наместо да ги одбие барањата, молчел со месеци. Требал да постапи во одреден рок, а не постапил затоа градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети треба да одговара кривично е заклучокот на Државната комисија за спречување комисија која неколку месеци работеше на предметот со дивоградби во кањонот Матка.
Заради сериозноста на случајот се одлучиле за сериозна препорака откако сите институции се прогласиле за ненедалежни, вели членот на Комисијата, Софка Дојчиновска, која галсаше ЗА, Беџети да се гони кривично.
Дивите платформи се времени објекти, и не можат да се легализираат, заклучиле антикорпуциниерите кога го проверувале законот. Се воделе и по заклучоците на инспекторите од животна средина, а за да го потврдат ваквото решение отишле кај платформите да ги видат одблизу.
Антикорупциска не застанува со предлогот за гонење на Беџети. Пропусти констатирале и кај овластениот градежен инспектор во општината за кого побараа да му се одземат ингеренции, а до владата испратија опомена што поскоро Матка да ја прогласи за споменик на природата.
Името на советникот во општина Охрид – Нефи Хусеини одново на тапет на антикорупционерите, освен дивоградбата кај Чинарот, комисијата ја испитува документацијата како Усеини добивал општински тендери со неговата фирма. Антикорупциската комисија денеска соопшти дека отвора предмет за јавната набавка за инсталација на радарскиот систем за управување со воздушниот сообраќај и за улогата во оваа набавка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
Павле Беловски