Ќе се унапредува билатералната соработка со Турција

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со турскиот премиер Бинали Јилдирим. Двајцата премиери изразиле подготвеност да придонесат кон создавање услови за унапредување на економската соработка меѓу двете земји и за зголемување на трговската размена.

Постои интерес од страна на компаниите од Турција за инвестирање во Република Македонија, посебно по стабилизацијата на политички план и отворените перспективи на нашата држава кон Европската унија и кон НАТО, рече Заев.

„Инвестициите и членството на Р. Македонија во НАТО се важни за економскиот развој на нашата држава, како и за остварување на нашите стратешки цели и секој искрен пријател“, кажа Зоран Заев – Премиер на Р. Македонија.

Договорено е активирање на Мешовитиот комитет меѓу двете држави кој ефикасно ќе ги решава сите потреби за подобра соработка на секое ниво. Премиерот Заев соопштил дека од страна на Република Македонија, комитетот ќе го води министерот без ресор, Аднан Ќахил.

Претседателот на Владата на Турција, Бинали Јилдирим рече дека неговата држава ја подржува Македонија во нејзините стртешки цели, членство во НАТО и ЕУ. Јилдирим исто така изрази надеж дека Македонија и Грција ќе постигнат заемно согласно решение за прашањето за името.

„Името на државата треба да биде определено од самата земја. Не е во ред друга држава да го определува името. И покрај тоа  наша најголема желба е да видиме заемно прифатливо решение“, кажа Бинали Јилдирим – Премиер на Р. Турција.

Турскиот премиер исто така ја потенцираше можноста за продлабочување на соработката и зголемување на трговската размена до една милијарда евра.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ