И СДСМ и ВМРО ДПМНЕ му даваат шанса на политичкиот дијалог

Во летниов период, и покрај сите проблеми и несогласувања, се одржува политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата.

Лидерска средба немаше, но работни групи на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да ги усогласат ставовите барем околу три сложени законски проекти: јавно обвинителство, попис и изборен законик.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е оптимист дека ако сите имаат чесни намера, може да се постигне консензус за Законот за обвинителство, но ја обвинува власта дека посакува насилна пресметка со политичките неистомисленици.

Од СДСМ велат дека ќе продолжат да му даваат шанса на дијалогот и покрај тоа што Мицкоски избега од лидерска средба.

Работните групи за законот за обвинителство до сега не успеаја да се усогласат. Почнаа разговори и за пописот, велат во конструктивна атмосфера, и треба да продолжат наредната недела.

Нема конкретни информации во однос на изборното законодавство, иако опозицијата инсистира на што поскори предвремени избори.

Наредната година секако треба да има парламентарни избори.

Премиерот Заев рече дека го прифаќа барањето на опозицијата и предлага: предвремени избори да има два месеци пред терминот за редовни: во октомври 2020-та.

Соња Николовска 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ