Дојранските плажи полни со туристи

Дојранските плажи вријат од туристи. Капачи, патници на поминување или викенд гости, во градот е преполно на почетокот од август.

Освен стандардниот проблем – комарците и преоптеретената канализациона мрежа, во екот на сезоната на крајбрежјето нема други забелешки.

Градоначалникот Ангов вели дека мора да се продолжи туристичката сезона, наместо три – барем девет месеци во годината. Затоа би се понудиле други, алтернативни содржини. Но најпрво, мора да се реши и проблемот со малиот сместувачки капацитет од хотелиерите, за што пак, се потребни побрзи урбанистички решенија.

Просечно Дојран секоја година  остварува околу 100.000 ноќевања во текот на тримесечната сезона.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ