
Во Тетово четврти пат променета локацијата за претовар на сметот
Стана веќе традиција општинските власти да ги менуваат локациите за претовар на комуналниот смет.
Претоварната станица кај тетовски Требош веќе не е во функција речиси еден месец, а сметот сега се носи во оваа оградена нива на само неколку километри од Тетово. Но таму отпадот пред да се однесе во скопската депонија Дрисла се таложи на земја, загадувајќи ја околината и почвата.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, рече дека Јавното комунално прептријатие Тетово поради практични причини одлучило на новата локација да го депонира сметот.
Стопанственици на приватни фирми куќи и викендици лоцирани во близина на депонијата, рeволтирани неколку пати го блокираа патот, и не им дозволија на камионите на Јавното комунално претпријатие Тетово да го транспортираат сметот до станицата.
Велат нема да дозволат да се загади и овој дел на тетовско, каде се прават и нови населби.
Ова е веќе четврта локација по ред каде тетовските комуналци го претовараа сметот. Првите две беа на влезот од градот каде се работеше без никакви стандарди.
Од ЈКП Тетово ни изјавија дека новата станица за претовар во иднина ќе работи според сите стандарди, односно и таму ќе се донесе специјална машина за претовар и сметот во иднина нема да се таложи на земја
Зоран Димовски