
Бизнисот бара почести опомени и пониски казни
Бизнисмените бараат итни корекциии на законот за прекршоци и намалување на глобите.Апелираат, инспекторите почесто да опоменуваат и да издаваат прекршочни налози наместо да казнуваат.Сметаат дека во делот на висината на глобите, законот за прекшоци е неусогласен со најмалку 350 други прописи.
„Бизнисот бара што почесто да се применува превентива на сметка на репресивна функција на инспекциските служби особено за компаниите што прв пат прават некој прекршок“, смета Татјана Штерјова од Стопанска комора на Македонија.
Кога се утврдува висината на глобата треба да се земе предвид и тежината на направениот прекршок и околностите под кои е направен прекшокот а не само висината на приходите , бројот ан вработени и историја на прекршочни санкции.Дополнителен проблем во зкаонот е и мандатниот платен налог кој не предвидува право на жалба
„Прекршочниот платен налог е далеку пофер затоа што нуди право на жалба ако се призане делото и право на 50 проценти попуст ако се плати во рок од осум дена. Мандатниот платен налог ние би го исфрлиле и би се фокусирале на прекршочниот каде што и државата и стопанствениците би биле задоволни“, кажа Ѓино Шкријељ од Здружение на шпедитери при СКМ.
Според бизнисмените за ист прекршок треба да се изрекува иста казна а не како сега, за секој износ на избегнати давачки од 600 денари казната да е 373 евра што е несразмерно за стореното дело.
Виолета З Стојановска