
Празнично со многу обезбедување но и со тензија
Со големо полициско обзбедување, во тензична атмосефера меѓу одредени групи граѓани, но без инциденти, мина денешното чествување за Илинден на Мечкин камен во Крушево. Покрај униформираните полицајци, распоредени беа и голем број полициски службеници во цивил, имаше и припадници на специјалните единици, вработени во дирекцијата за заштита и спасување, редари. Движењето беше ограничено и дозволено само во ограден простор. Граѓаните кои дојдоа на Мечкин камен рекоа дека очекуваат мирна прослава.
Во своето обраќање од Мечкин Камен, премиерот Зоран Заев неколкупати испрати пораки за единств. Илинденското востание е крик за обединување, Мечкин камен да биде камен темелник на заедништво и рабирање, поделбите не се патриотизам, рече меѓу другото премиерот во говорот за Илинден.
На Мечкин камен, делагацијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, беше дочекана со свирежи и негодување. Александар Нколовски реагираше за вавиот пречек, а се пожали дека утрово не можеле да положат цвеќе во Македониумот поради изменета сатница на чествување за која не биле известени.
Инаку засилените безбедносни мерки под кои се одививаше денешното чествување на Илинден на Мечкин камен, следат по ланските инциденти, кога групи навивачи ја нападнаа владината делегација и неколку странски дпломати фрлајќи со пластични шишиња и други предмети по нив.
Емилија Мисирлиевска