Над триесет напади на полицајци годинава во Полошко

Речиси секој ден се регистрира напади и омаловажувања на полицски службеници на полошкото подрачје. Тие се напаѓаат на улица па дури и во полициски станици

Последниот случај е од вчера, кога околу 15 часот, во близина на крстосницата на улиците „Киро Ристовски-Дрнц“ и „Штипска“ во Тетово, биле лишени од слобода две лица од Гајре, кои претходно меѓусебно физички се пресметувале.

По нивното приведување во Полициската станица тетовците како и нивниот татко 53 годишниот Р.Б. се однесувале агресивно и ги нападнале полициските службеници.

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи во полошкиот регион годинава заклучно со денес имало 12 физички напади на полициски службеници, 14 случаи на навредување и омаловажување на полициски службеници како и 7 на спречување службено лице во вршење на службени дејствија.

Најголем дел од случаите биле поврзани со регулирање на сообраќајот, контролни активности во угостителски објекти, расчистување на нарушувања на јавниот ред и мир и други безбедносни настани.

Експертите сметаат дека казните за сторителите во пракса треба да бидат поригорозни, а институциите да внимваат какви полициски службеници вработуваат

За напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста затворската казна се движи од 6 месеци до 5 години. Ако на полицискиот службеник му се нанесени тешки телесни повреди, тогаш казната е затвор до 10 години.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ