Видео: Автобусот со уништена и набиена предница, возел туристи на одмор

Автобус и комбе се судрија на патот Велес-Штип во близина на село Мамутчево.

Предниот дел на автобусот е целосно уништен, а со патниците со него патувале на одмор, јавува репортерката на Телма, Викторија Јованова од местото на несреќата.

Обвинителите вршеа увид и на полицајците им наредиле да не пуштаат новинарски екипи до местото на несреќата во која загина еден патник, а најмалку десетина се повредени, од кои потешко повредените се префрлени во болницата во Велес.

Во времето на увидот во прекин беше сообраќајот на магистралниот пат Велес-Штип. Увидот треба да ги открие причините за причините за судирот.

На патот пред автобусот има скршено стакло од шофершајбната на автобусот кој се движел кон Велес и се судриле со комбе кое возело кон Штип. Несреќата се случила околу 20:30 часот.

Видеото на репортерката на Телма Јованова е снимено пред целосната забрана на обвинителите за приод на новинарски екипи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ