
Граѓанските организации без увид во преговарачката структура на Владата со ЕУ
Владата во август ќе почне со финализирањето на преговарачката структура која ќе ги води преговорите со ЕУ, но дел од граѓанските организации велат дека не се запознаени со неа и оти таа доцни осум месеци.
Вицепремеирот за европски прашања Бујар Османи вчера пак изјави дека преговарачката структура е официјализирана со нејзино објавување во Службен весник.
Од Институт за демократија за Телма велат дека таква објава во Службен весник нема и оти тие како организација која го следи процесот на пристапување на земјава во ЕУ, ниту се информирани за преговарачката структурата, ниту се консултирани за вклучување во тимовите.
“До ден денеска за на се уште не е позната преговарачката структура”- вели Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
Трошановски вели дека уште минатата есен Владата го почнала процесот и самата себе се задолжила да ја донесе преговарачката структура, но граѓанскиот сектор ни тогаш не бил консултиран за тоа.
“Самоиницијативно направивме работилници”- вели Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија.
Пред три недели Владата информираше дека ја утврдила структурата и најави формирање на преговарачката тимовите до октомври.
Главниот политички и технички преговарач, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, тогаш информираа дека до крајот на месецов ќе започнат консултации со граѓанскиот сектор, но и Собранието за нивно вклучување во тимовите.
Според неофицијални информации на Телма, документот на владата со преговарачката структура заглавил во Секретаријатот за законодавство поради утврдени правни недоследности во него, чие отстранување го одложило неговото официјализирање.
Тамара Грнчароска