
Сите со различни верзии за средбата на Мицкоски со Орбан
Замокот „Кармелита“ го има можеби најубавиот поглед на Дунав.
Во тоа вчера се увери и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, кој ја разгледа Будимпешта од една од неговите бројни тераси, во придружба на унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
За што точно разговараа, не можеше да се дознае од видеото, пуштено без тон, а официјалната верзија ја објави Мицкоски на фејсбук.Во неа вели дека побарал засилена контрола од европските институции врз работата на владата.
Заев, пак, средбата ја оцени како логична, од причина што се работи за двајца претседатели на партии од десницата, членки на ЕПП, за кои е логично да се среќаваат.
Верува и дека таа средба може да придонесе кон зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Унгарија, но од неговата партија изразија сомнежи дека Груевски кој е во азил во таа држава, се уште има влијание врз одлуките кои се носат во ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат ваквите тврдења како лажни.
Слична е и изјавата на портпаролот на Орбан, во која се тврди дека разговарале за актуелната политичка ситуација и европската перспектива на Македонија.
Далиборка Демјанска Цветановска