Две семeјства останаа без кров над глава

Пожарот кој пред два дена се случи во социјалната зграда во Берово, повторно без кров над главата остави две семејства. Според надлежните целосно е пеплосан еден стан, додека на вториот целосно е изгорена кровната конструкција. Првичните информации и сомнежите на соседите говорат дека причина за пожарот во становите во поткровјето е неисправна електрична инсталација.

Ова се аматерските снимки, коишто жителите на Берово ни ги испратија за време на пожарот. Благодарни се што пожарникарите, полициските службеници, но и хумани граѓани учествувале во излекувањето на семејствата, од кои едното има четири, а второто две деца.

Раководителот на ЈП за стамбен и деловен простор во Кочани, Сашко Манасиев за Телма вели дека екипа во текот на вчерашниот ден била на увид, сега го чекаат извештајот од МВР за причините за пожарот. По што веднаш во текот на оваа недела почнуваат со санација на штетите во двата стана и кровната конструкција на социјалната зграда. Мора и да се провери и целата електрична инсталација во зградата. Мерлина Зекировска станар во социјалната зграда вели дека едното семејството сега живее во плевна, а второто привремено е сместено кај пријатели. Станарите молат бога и да не заврне, бараат надлежните веднаш да почнат со санацијата,стравувајќи да немаат штетите и на останатите станови,  бидејќи од пожарот е изгорена и кровната конструкција.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ