Нов ургентен центар во Куманово-пола влада на отварање на центарот каде проблеми прави оптичкиот кабел

Без оптички кабел за интернет, но со црвени и бели балони беше отворен новиот ургенетен центар во кумановската болница.

Речиси половина влада, (премиерот Зоран Заев, министерпт за внатрешни Оливер Спасовски, вицепремиерот Дураку, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за земјоделство Димковски) беа на отварањето на комплетно опремениот центар каде пациентите ќе добиваат хируршки, ортопедски и анестезеолошки третман.

Во болницата во Куманово со новите вработувања е зголемен кадарот за 10 проценти, а доделени се и 12 специјализации. Ургентниот центар треба да стартува од утре до кога треба  да се реши проблемот со интернетот.

Новиот ургентен центар на пациентите ќе им пружа комплетна здравствена услуга на едно место наместо да шетаат по одделенија низ болничкиот двор, истакна директорката на болницата Снежана Захариева.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ