Почна лицитирањето за предвремени избори

Октомври 2020 –та е првиот датум со кој денеска почна партиското лицитирање за предвремени избори. Коцката прв ја фрли премиерот, охрабрен од преговорите на работните групи за законот за јавно обвинителство, кои се состанаа вчера по подолга пауза. 

ВМРО ДПМНЕ го дочекаа предлогот како добра основа за преговори, но ќе предложат свој датум.

Датум за предвремени избори е услов и на ВМРО ДПМНЕ и на БЕСА, за да гласаат за законот за јавно обвинителство.

Двете партии не негираат дека веќе соработуваат во Собранието во однос на определени прашања, каде им се поклопуваат интересите, како на вчерашната комисија каде заедно имаа мнозинство.

Оваа соработка за ДУИ е дволична.

Разликите за Законот за јавно обвинителство, вклучително и датумот за предвремени избори  мора да се усогласат до крајот на август, кога за ова прашање ќе почне расправа и во Собранието.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ