
По градоначалниците се редат бизнисмени во обвинителството за истрагата Рекет.
Познат велешки бизнисмен кој не е опфатен во истрагите на СЈО денеска бил сослушан во обвинителството, дознава Телма од извори блиски до истрагата.
Дали неговото сведочење дало корисни информациии и докази, кој му барал рекет и подлегнал ли на уцените, засега останува тајна.
Во меѓувреме обвинителството ги повикува бизнисмените чии имиња во јавноста веке се споменуваа како можни жртви на рекетарската група која за сега брои двајца осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски.
Освен Камчев периодов сведочеле двајца бизнисмени кои беа опфатени со истрагите на СЈО, Цветан Панделевски во Империја и Томе Главчев од Поштенска Банка.
Овие два предмета Катица Јанева ги отвори во октомври и ноември минатата година и за прв пат СЈО побара притвор за истрага отворена по 30 јули 2017.
Главчев деновиве беше спомнат на порталот А1 он, дека е сопственикот на фирмата „Бентон“од Гевгелија, од каде што купил стан екс директорот на Мепсо Сашо Василевски и на барање на Катица Јанева, токму тој стан не бил замрзнат во истрагата за Поштенска Банка
Телма пак викендов објави за уште еден бизнисмен овој пат од Битола, сопственик на градежна фирма.
ој во 2017 уплатил 750 илјади евра на сметка на повозрасна жена која живеела во центарот на Скопје. Жената била дел од структурите на Меѓународниот сојуз, хуманитарната организација основана само неколку месеци претходно од Бојан Јовановски-Боки 13.
Пред надлежните и бизнисменот и скопјанката од меѓународниот сојуз кажале дека парите се дадени поради идејата за изградба на социјални станови.
Се истражува и дали рекетарската група тропнала на врата на повеќе градоначалници со идејата за социјални станови. За таа цел до сега обвинителството објави дека се сослушани првите луѓе на општина Карпош и Битола, Стефан Богоев и Наташа Петровска.
За сега истрагата за Рекет е отворена за 1 ипол милионскиот рекет добиен од бизнисменот Орце Камев но обивнителството не исклучува и проширување доколку собере дополнитлени докази.
Се уште траат и вештачењата на компјутерите одземени од Боки 13 и синот на Јанева од канцелариите во 1 ТВ но и вештачењето на втроиот телефон на специјалната обвинителка.
Елена Ивановска Мукоска