Собраниската расправа за пописот одложена по втор пат

Пописот 2020-та се уште нема законска основа. Пропадна и вториот обид да се отвори расправа во Комисијата за европски прашања.

Одложувањето е по барање на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, кои се обидуваат да стигнат до усогласени решенија, објасни претседателот на комисијата Артан Груби.

ВМРО ДПМНЕ побара предлог-законот целосно да се повлече од собраниска процедура како штетен и неусогласен со стандардите на Еуростат и на Обединетите нации. Се сомневаат дека оваа Влада може да спроведе веродостоен попис.

Владата не прифаќа било какво одложување на пописот за една година. Тврди дека сите одредби се според меѓународните стандарди.

ДУИ се сомнева дека забелешките на законот се повеќе од политичка отколку од суштинска природа.

Работни групи на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ почнаа со разговори уште пред две недели. Забелешките и евентуалните отстапки не се соопштуваат.

Пописот се предвидува за април 2020-та. Прашалниците ќе се пополнуваат со теренска анкета и со вкрстување на податоците со бази на податоци од повеќе државни институции.

Последниот успешен попис е направен во 2002, а обидот во 2011-та пропадна поради политизација на процесот и поради оставка на Пописната комисија.

Соња Николовска 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ