Јанева наредила „форензичко бришење“ на компјутерите во СЈО, открива 360 Степени

Специјалната обвинителка Катица Јанева побарала од вработените во ИТ-секторот да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите во Специјалното јавно обвинителство, дознава „360 Степени“ од извори во СЈО. 

Според порталот наредбата била дадено усно и веќе биле преземени подготвителни активности за да се спроведе постапката која би требало да ги опфати сите компјутери во ова Специјалното обвинителство.

Барањето за бришење на компјутерите се случува во период во кој Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води истрага во случајот „Рекет“ во кој иако засега не е осомничена, но е имплицирана и специјалната обвинителка. Иако постапката на „форензичко бришење“ нема да ги загрози документите што постојат во компјутерскиот систем на СЈО, сепак, неповратно ќе ги избрише податоците за тоа на кој компјутер, во кое време, од кое лице, што било работено.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ