Скопјани се сеќаваат на земјотресот, а за архитектите градот не е ист, зашто за него одлучуваат политичарите

Пензиоираниот полициски службеник, Цветко Цветковски денес има 81 година. Но, живо се сеќава на 26 јули, 1963 , кога него и татко му земјотресот со јачина од 6, 1 степени по Рихтер ги затекнал на спиење, на балконот од куќата под Кале.

Покрај трагите во душите на скопјани, за земјотресот сведочи и архитектурата.

Ден по катастрофалниот земјотрес, Скопје го посетила висока државна делегација предводена од претседателот на тогашната Југословенска заедница, Тито. Тој ветил дека Скопје повторно ќе биде изградено, по што започнала да стигнува помош од целиот свет и биле отворени повеќе меѓународни конкурси, на кои се јавиле светски познати архитекти. Но, сликата на пред и постземјотресно Скопје веќе ја нема, вели архитектот во пензија, Радован Раѓеновиќ. Причината е што во последниве 10 до 15 години за урбанизмот во градот решаваат политичарите, а не вистинските архитекти, вели тој.

56 годишнината од Скопскиот земјотрес денеска се одбележува со различни настани, а повеќе делегации положија цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот на Градските гробишта во Бутел.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ