Рикер и порача на опозицијата дека времето на политички игри е завршено

Опозицијата да заврши со задржување на носењето на Законот за јавно обвинителство и да биде конструктивна. Времето на политички игри е поминато. Ваква порака в.д. помошник државниот секретар на САД, Филип Рикер, и испорача денеска на опозицијата, на која меѓу другото и рече дека е време таа да се приклучи во процесите кои ќе ја придвижат земјата напред.

„Во секоја вистинска демократија улогата на опозицијата е клучна, но опозицијата мора да биде конструктивна. Времето за политички игри, истакнување и играње со перспективите и идеите на граѓаните е поминато. Мојата порака ќе биде едноставна: Време е да се приклучи за да е привижат работите за земјата“, рече Филип Рикер, в.д. помошник државен секретар на САД.

Рикер рече дека САД сака да може да работи со сите политички партии во Северна Македонија, но за да го направ тоа, мора да видиме и серизоно конструктивни напори од партиите.

„Времето на задржување од страна на опозицијата навистина треба да заврши и се надевам дека ќе има конструктивен пристап од опозицијата.. Законот за СЈО мора да се придвижи, а неговото усвојување сега ќе обезбеди дека тоа нема да биде прашање кога ЕУ ќе реши да ги отвори пристапните преговори оваа есен“, изјави Филип Рикер, в.д. помошник државен секретар на САД.

Рикер за Законот за Јавното обвинителство смета деке е важно да се донесе, за која нацрт-верзија рече дека е добра основа за тоа и ги охрабри сите тој процес брзо да заврши. Според него исто така мора да и се покаже на јавноста дека има владеење на правото и оти никој не е над законите. Тој повика и на транспарентно продолжување на истрагите.

Премиерот Заев со кого Рикер денеска прво се сретна, повторно ја повика опозицијата заедно да направат исчекор за усвојувањето на законот за јавно обвинителство. Тоа за Заев е посакуван начин, кој ако не се случи државата ќе мора да пристапи кон непосакувани начини да се донесе законот.

Заев му се заблагодари на Рикер на поддршката која САД и ја дава на земјава за членстовот во НАТО, но и во ЕУ. Тој пред високиот претставник на САД дече сите навестувања се дека во октомври ќе стигне датумот од Унијата и оти никој не сака нови разочарувања и изневерени ветувања, ниту да се отвори шанса за недобронамерни влијанија на трети страни во земјава.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ