Македонија Двајца од мотор фрлиле експлозивна направа врз БМВ спроти СЈО
Автомобил марка БМВ ноќеска изгоре во улицата Даскал Камче, спроти СЈО откако локалните жители слушнале експлозија.
Експлозијата се слушнала околу 2:15 часот по полноќ. Според очевидци со кои контактираше Телма, две лица на мотор стигнале на местото каде било паркирано БМВ-то и под него фрлиле направа која експлодирала и го предизвикала пожарот. Моторџиите имале кациги, а по палењето на автомобилот избегале.
Пожарната според очевидците стигнала по 5 минути, а полицијата 15-тина минути по избувнувањето на пожарот. Автомобилот марка БМВ според табличките припаѓал на 27-годишен жител од Бутел. Полицијата утрово изврши увид.



