Често малолетници возат без кациги

Почнаа контролите на СВР на најфреквентните улици во градот, каде имало и најчести реакции од граѓаните дека се узурпира јавната површина и се нарушува јавниот ред и мир.

Минатата недела СВР, општината и јавното претпријатие паркиралишта рекоа дека ќе почнат со почести контроли но и казнување за да се реши сообраќајниот хаос кој е особено изразен во летниот период.

Од СВР велат дека еден од најголемите проблеми е и управувањето на мотоцикли од страна на малолетни лица кои возат без кациги, а освен укор немаат други механизми да ги решат овој проблем.

Последниве години се се почести сообраќајните несреќи во кои страдаат малолетни возачи на мотоцикли, поради што полицијата апелира до родителите да ги контролираат своите деца и да не дозволуваат децата да возат незаштитени.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ