
Секој зависник ќе се лекува онаму каде што живее
Зависници во поликлиниката Чаир, во населбата Ченто, во Ѓорче Петров, иво Шуто Оризари, и во болницата во с. Бардовци. Според планот на минисерството за здравство секоја голема населба ќе мора да овозможи терпија на околу стотина зависници. Министерот Венко Филипче не попушта пред критиките од јавноста откако најави дека дел од зависниците од Кисела Вода ќе се префрлат на лекување и во поликлиниката Јане Сандански во населбата Аердором. Со овој план зависниците нема да ја носат со себе терапијата туку ќе ја примаат во присутво на лекар.
Филипче идејата ја црпи од искуствата на земји од европската унија. Целтта му зависниците да не се чувстуваат маргиналзиирани и гетоизирани. Додека не заживеат плановите на министерот, полицајци ќе ги обезбедуваат клинките кои ќе добијат пациенти- зависници.
Во центарот во Кисела Вода околу 500 зависници на секои три дена добиваа терапија која скапо се продава на црниот пазар, бидејќи не може да се набави во аптеките. Тие или ја продаваа или ја менуваа за хероин, а терапијата или дрогата често ја вбризгуваа во парковите. Дел од зависниците беа обвинувани дека прават и други кривични дела, иако револтот и протестите на граѓаните наиде на критика кај невладините органзиации во одбрана на овие луѓе дека тие се обичн ипацинети на кои им треба здравствена помош. Македонија со ваков проблем лекува 1590 регистрирани зависници иако реалната бројка е четирипати поголема.
Павле Беловски