
Раната интервенција е клуч за подобрување на состојбата на децата со аутизам
Ерол Фејзули од Тетово, родител на дете со аутизам, вели дека првите симптоми кај нивниот син ги забележале на тригодишна возраст. По откривањето на болеста доживеавме голем шок и многу работи се сменија во семејството кога се дијагностицира аутизмот, вели тој.
Според него потребна е голема посветеност на родителите кон овие деца, а раната интервенција е клуч за подобрување на изгледите за децата со аутизам, невролошко нарушување што ја оштетува комуникацијата и социјалните способности
Засега властите не преземаат конкретни решенија за згрижување на овие деца, што значително помога на нивната здравствена состојба и социјализација.
Државни центри за деца со Аутизам во Тетово нема, а приватни има два.
Од септември се очекува да започне со работа Центар за аутизам, кој го отвори Здружението „Пурпура“ од Тетово. За почеток ќе бидат вклучени од 10 до 12 деца, а со нив ќе работи стручен кадар од кој поголемиот дел веќе има добиено сертификат за завршена обука во ваков центар за аутизам во Тирана, Албанија.
Фејзули вели дека центрите се повеќе од потребни, каде родителите треба да ги носат деца со аутизам по завршувањето на часовите во училиште.
Секогаш покрај него треба да има возрасно лице, а ако се одлучат за некој од центрите каде ќе му биде овозможена стручна помош од дефектолози и логопеди, тоа најчесто е на нивен трошок.
Инаку Аутизмот има растечка стапка на појавување од 10 до 17 % на годишно ниво.
Зоран Димовски