Скопјанец починал од струен удар

Скопјанец починал вчера како последица од струен удар додека вршел градежни работи во семејната куќа во село Кучково во Скопје.

Во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека вчера околу 12.05 часот во село Кучково,М.Р.(74) од Скопје, додека во неговата куќа влечел котур со кабел, паднал и починал, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен билтен.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт како последица од струен удар.По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ